Основен суд битола


с. 1
ОСНОВЕН СУД БИТОЛА

СУбр.721/12

04.12.2012 година

Б и т о л а

Врз основа на член 42 , член 48 од Законот за судовите и член 46 од Законот за Судски совет, ОСНОВНИОТ СУД БИТОЛА објавува

О Г Л А С

За 170 кандидати за судии-поротници
Кандидатите за судии поротници треба да ги исполнуваат условите од член 48 од Законот за судовите:


  • да се полнолетни;

  • да се државјани на Република Македонија;

  • да имаат завршено најмалку средно образование;

  • актвно да го владеат македонскиот јазик;

  • да не се постари од 64 години;

  • да уживаат углед за вршење на функцијата судија поротник;

Заинтересираните кандидати кон пријавата да ги достават следните документи:




  • Диплома за завршено образование( ако е во фотокопија ,потребно е копијата да биде заверена на нотар)

  • Уверение за државјанство

  • Фотокопија од важечка лична карта заверена на нотар

Пријавите со потребните документи можат да се достават по пошта на адреса Основен суд Битола ул.„ Булевар 1 ви Мај„ Б.



Неблаговремените и некомплетираните документи нема да бидат предмет на разгледување.
Рокот за поднесување на пријавите со потребната документација е 15 дена од денот на објавувањето на огласот во дневниот весник „ Утрински весник„
Претседател на судот

Јордан Врбоски

с. 1

скачать файл